Советот на Општина Гевгелија, на 20 септември 2024 година, ќе ја одржи својата 47. седница, на која што ќе разрешува и именува членови во неколку постојани Комисии на Советот на Општина Гевгелија. Исто така, Советот на Општина Гевгелија ќе именува нов претседател и нови членови на Комисијата за утврдување предлози за доделување на Општинската награда „Седми ноември“.
Предвидено е и донесување Одлуки за подигање на спомен-обележје – скулптура на Илија Џаџев и доделување 10 стипендии на студенти во прва година запишани на Машинските и Еектротехничките факултети во Република Македонија. Советот ќе расправа по Предлог-измените и дополнувањата на Буџетот на Општина Гевгелија за 2024 година, по измените и дополнувањата на Општинските програми за 2024, согласно ребалансот на Буџетот, како и по измените и дополнувањата на Финансиските планови за работа на образовните и културните институции за 2024 година. На 74. седница, градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов, да одговора на советнички прашања. Седницата ќе се одржи во Малата сала на Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 10:30 часот. За работа на седницата, е предвиден следниот дневен ред:
1. Предлог-Решение за разрешување член на Комисијата за прашања на верификација на мандати на Советот на О. Гевгелија,
2. Предлог-Решение за избор на член во Комисијата за прашања на верификација на мандати на Советот на О. Гевгелијa,
3. Предлог-Решение за разрешување член на Комисијата за образование, култура и спорт на Советот на О. Гевгелија,
4. Предлог-Решение за избор на член во Комисијата за образование, култура и спорт на Советот на О. Гевгелија,
5. Предлог-Решение за разрешување член на Комисијата за здравствена, социјална заштита и заштита на децата на Советот на О. Гевгелија,
6. Предлог-Решение за избор на член во Комисијата за здравствена, социјална заштита и заштита на децата на Советот на О. Гевгелија,
7. Предлог-Решение за разрешување на претседателот и членовите на Комисијата за утврдување предлози за доделување на Општинската награда „7-ми Ноември“,
8. Предлог-Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за утврдување предлози за доделување на Општинската награда „7-ми Ноември“,
9. Предлог-Одлука за подигање спомен-обележје – биста на Илија Џаџев,
10. Предлог-Одлука за формирање Одбор за подигање спомен – обележје –биста на Илија Џаџев,
11.Предлог-Одлука за доделување 10 (десет) стипендии на редовни студенти од општина Гевгелија: 5 стипендии на студенти запишани на Медицинските факултети – отсек општа медицина на РСМ и 5 стипендии на студенти запишани на Машинските и Електротехничките факултети на РСМ, почнувајќи од академска 2024/25 година, се до заврушување на последниот семестар,
12.Предлог-Одлука за прифаќање на Иницијатива за изработка на Урбанистички Проект вон опфат на урбанистички план за КП бр.837, КП бр.835, КП бр.838/4 и дел од КП бр.842 КО Ново Конско, општина Гевгелија со намена Е1.13 – Површински соларни и фотоволтаични електрани,
13. Предлог-Измени и дополнувања на Буџетот на Општина Гевгелија за 2024 година,
14. Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата за уредување на градежното земјиште во општина Гевгелија за 2024 година,
15. Предлог-Решение за усвојување на Измените и дополнувањата на Финансовиот план на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија за 2024 година,
16. Предлог-Решение за усвојување на Годишниот извештај за работата на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија за учебната 2023/2024 година,
17. Предлог-Решение за усвојување на Годишната програма за работа на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија за учебната 2024/2025 година,
18. Предлог-Решение за усвојување на Измените и дополнувањата на Финансовиот план на ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија за 2024 година,
19. Предлог-Решение за усвојување на Измените и дополнувањата на Финансовиот план по ставки и потставки на ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија за 2024 година,
20. Предлог-Решение за усвојување на Измените и дополнувањата на Финансовиот план на ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци за 2024 година,
21. Предлог-Решение за усвојување на Измените и дополнувањата на Финансовиот план на ООУ „Климент Охридски“- Миравци за 2024 година,
22. Предлог-Решение за усвојување на Измените и дополнувањата на Финансовиот план на ООМУ “Васо Карајанов”- Гевгелија за 2024 година,
23. Предлог-Решение за усвојување на Измените и дополнувањата на Финансовиот план на ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија за 2024 година,
24. Предлог-Решение за усвојување на Годишниот извештај за работата на ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија за 2023/2024 година,
25. Предлог-Решение за усвојување на Годишната програма за работа на ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија за 2024/2025 година,
26. Предлог-Решение за давање согласност на Одлуката за зголемување на бројот на деца во групите во ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија за 2024/2025 година,
27. Предлог-Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на работното време во ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија,
28. Предлог-Решение за усвојување на Измените на Финансовиот план на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија за 2024 година,
29. Предлог-Решение за усвојување на Измените и дополнувањата на Финансовиот план на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија за 2024 година,
30. Предлог-Решение за усвојување на Измените на Финансовиот план на ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз – Тито“- Гевгелија за 2024 година,
31. Предлог-Решение за усвојување на Измените на Финансовиот план на ЈОУ Работнички универзитет „Кирил и Методија“- Гевгелија за 2024 година,
32. Информација од Територијалната противпожарна единица- Гевгелија за состојбата со пожарите што го зафатија подрачјето на општина Гевгелија во летниот период.
33. Советнички прашања.