Мачката Рози, за која се веруваше дека е најстарата мачка на светот, почина на 33-годишна возраст.
Рози починала оваа недела во ходникот од својот дом во Норвич, Норфолк, а покрај неа била нејзината сопственичка Лила Брисет (73), објави Њујорк пост.
Родена во 1991 година, таа беше неофицијален носител на титулата „најстара мачка на светот“, која сега ја презеде 28-годишната мачка Флоси од Кент, родена во 1995 година.