Одрони во дебарскиот регион, се препорачува внимателно возење

Одрони-на-патниот-правец-Скопје-–-Велес.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Дождот, кој со различен интензитет врне деновиве, во дебарскиот регион предизвикува помали одрони на патиштата во ова подрачје, поради што се препорачува внимателно возење.



„Засега има помали но чести одрони од камен и земја. Поради тоа, но и влажните коловози се препорачува внимателно возење и строго почитување на патната сигнализација“, порачуваат од дебарската секција на Јавното претпријатие за одржување на магистрални и регионални патишта.

Екипи на секцијата се постојано на терен, со цел навремено расчистување и безбедно одвивање на сообраќајот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK