113 загинати во поплавите во Мјанмар

poplavi.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Бројот на загинати во поплавите предизвикани од тајфунот Јаги во Мјанмар се искачи на 113, а повеќе од 320.000 луѓе се раселени, соопшти денеска воената хунта во земјата.


„Во целата земја загинаа 113 лица, 64 се водат како исчезнати, а 14 се повредени“, изјави портпаролот на хунтата Зав Мин Тун.

Тој додаде дека „повеќе од 320.000 луѓе или 78.000 домови се евакуирани во привремени кампови за помош“, пренесува Бета.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK