Две малолетни деца во одделни настани биле нападнати во Скопје.
Случаите ги пријавиле родителите на нападнатите момчиња.
Вчера околу пладне, малолетникот бил нападнат од 55-годишен скопјанец, кој според пријавеното, се однесувал агресивно и кон таткото. Не се знае која била поврзаноста на таткото и момчето со напаѓачот.
Во вториот случај регистриран во полицискиот билтен, 47-годишниот С.Ц. од селото Булачани, скопско, пријавил дека претходниот ден во 23.15 часот во село Виниче неговиот малолетен син бил физички нападнат од М.З.
MВР ги расчистува случаите.