Три автомобили биле запалени во скопската населба Кисела Вод.
Засега нема информации од МВР за причините.
Од она што е познато, се работи за „ауди“ во сопственост на Д.С.(32) од кумановско, патничко возило „рено“ – сопственост на М.С.Е.(31) од Скопје и „фиат пунто“ – сопственост на Љ.М.(62), од Скопје. Огнот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје.
Сличен случај е регистриран во полицијта и претходната ноќ, кога во 3.30 часот на територија на Ѓорче Петров, било опожарено патничко моторно возило „голф“ со скопски регистерски ознаки, сопственост на Д.Д.(30) од Скопје.
Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случаите, велат од МВР.
Фотографијата е илустрација и не е поврзана со конкретниот настан.