(Видео) Стојаноски: Контролите констатирале голем број нерегуларности при јавни набавки на многу клиники и здравствени домови, одговорност ќе има

stojanoski.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Контролите кои се спроведени од страна на институциите во ЈЗУ и клиниките ставаат на површина факти дека СДСM и ДУИ во здравството гледале бизнис. Oва го истакна на прес-конференција, пратникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.


Владејачката партија тврди дека биле злоупотребувани јавните набавки во ЈЗУ и клиниките.

„Покрај матните тендери на Филипче на централно ниво, за кои јавноста е запознаена, злоупотреби се правени низ поголемиот број на ЈЗУ. Од извршените целосни финансиски контроли во 24 ЈЗУ за 2023 година, кај 19 ЈЗУ се утврдени неправилности во делот на контролата на спроведувањето на постапките за јавни набавки“, изјави Стојаноски.

Како што рече лоцираните неправилности се однесуваат на УК за максилофацијална хирургија – Скопје, Здравствен дом – Гостивар, Здравствен дом – Ресен, Здравствен дом – Струга, УК за урологија – Скопје, УИ за радиологија – Скопје, УК за нефрологија – Скопје, УК за психијатрија – Скопје, Клиничка болница – Тетово, Здравствен дом – Делчево, Здравствен дом – Демир Хисар, Институт за јавно здравје – Скопје, Општа болница – Струга, Здравствен дом – Велес, Општа болница – Струмица, Општа болница со проширена дејност – Дебар, Центар за јавно здравје – Скопје, Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија ,,Св.Еразмо“ – Охрид, Здравствен дом – Пробиштип.

ВМРО-ДПМНЕ заклучува дека неправилностите во здравството, го метастазирале системот, а злоупотребите излегуваат на површина и најавува одговорност.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK