(Видео) Ракетата на Дуран му пресуди на Евертон – „Карамелите“ (повторно) испуштија предност од 2:0

Untitled-1-39.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Астон Вила со пресврт успеа да го победи Евертон со 3:2. Евертон, како и во претходната рунда против Борнмут, испушти предност од два гола. Натпреварот го обележа неверојатниот гол за победа на Дуран.



Евертон на „Вила парк“ водеше по 27.минути игра со 2:0. Гловите и постигнаа Мекнил во 16. и Каверт-Лувин во 27.минута на додавањето токму од Мекнил.

До крајот на полувремето Оли Воткинс со првиот гол оваа сезона го намали резултатот.

Калверт-Лувин имаше голема шанса во 51.минута, ме успеа да го совлада Мартинез во ситуација „еден на еден“. Казната стигна седум минути подцна кога Воткинс ја искористи грешката на Херисон.

Вила до победата дојде со спектакуларниот гол на Дуран во 76.минута. Колумбиецот испрати проектил од 25 метри кој Пикфорд не успеа да го одбрани.

Две минути подцна трагичарот на Евертон, Калверт-Лувин ја погоди гредата.

Астон Вила со овој триумф се искачи на третото место со девет бода, додека Евертон е на последното место со четири порази. Нема да биде изненадување доколку во наредните денови отказ добие менаџерот Шон Дајч.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK