Заради неповолните временски услови, настанот во организација на Реплек, кој беше закажан и требаше да се одржи утре на 15ти септември со почеток во 10:30 часот, во Паркот на франкофонијата во Скопје се одложува. Настанот кој требаше да се одвива под водство на искусната фитнес инструкторка Елена Бубало, ќе се одржи во друг термин кој ќе биде дополнително дефиниран и навремено јавно објавен.