Во Европа беснеат поплави, а веќе има и жртви. Пет лица загинаа во источна Романија, а десетици останаа заглавени во поплавените подрачја, соопштија итните служби.
Поплави ја погодија и централна Европа, па жителите од делови на Полска и Чешка беа евакуирани, а Унгарија, Словачка и Австрија очекуваат слично сценарио во остатокот од викендот.
Спасувачките служби се бореа да спасат 95 луѓе во тешко погодените источни области Галац и Васлуи. Хеликоптер е распореден во Галац за да помогне во потрагата и спасувањето.
Невремето погоди 19 градови во осум окрузи во Романија, при што силните ветрови соборија десетици дрвја кои оштетија автомобили и ги блокираа патиштата и сообраќајот. Романскиот премиер Марсел Чолаку го откажа своето денешно патување.
За време на викендот невреме и силни поплави ги погодија Чешка, Полска, Австрија, Германија, Словачка и Унгарија.
Inundaţii în localitatea Pechea, județul Galați- https://t.co/iVkUXlbFYX
Sursa video: ISU Galaţi pic.twitter.com/xqgA0Va0kr
— AGERPRES (@agerpres) September 14, 2024
Во Чешка повеќе од 60.000 домаќинства останаа без струја поради паднатите дрвја.
Цивилната заштита евакуираше околу 400 жители од неколку села, многу возови не сообраќаат, а сите стравуваат дека ситуацијата ќе се влоши бидејќи водениот бран се приближува до големите градови како Прага.
Поради подемот на Влтава, подготовки за поплави се прават и во Прага, каде пловидбата е привремено прекината. Досега околу 400 жители се евакуирани од неколку села на чешко-полската граница.
Tributary dams across eastern Czech Republic have started releasing large volumes of water to bring reservoir levels down to create storage for what could become one of the worst flooding events in Central Europe’s modern history.pic.twitter.com/VOzn6OZK58
— Nahel Belgherze (@WxNB_) September 12, 2024
Во Брно, вториот по големина чешки град, локалната болница е евакуирана, а пациентите ќе бидат префрлени во други болници, дури и во околните градови, јавуваат локалните медиуми.
Според метеоролозите се очекува дополнително зголемување на водостојот на реките. Од петокот во речиси цела држава наврнаа од 50 до 110 литри дожд на метар квадратен.
Floods in Czechia https://t.co/7XJFK2oTyY
— Petr Hajek (@PeeterpoolPetr) September 14, 2024
Реките почнаа да се излеваат од коритото и во регионот Ополе во југозападна Полска, а пожарникарите мораа да одговорат на околу 400 повици за помош.
Полскиот министер за внатрешни работи Томаш Сиемонак исто така ја посети областа. Тој објави фотографии од спасувањето на „Икс“ и рече дека во селото се испратени околу 100 пожарникари и 60 полицајци.
Жителите на селото Мороу во југозападна Полска синоќа се евакуирани откако реката Мори се излеа од коритото. Уште 400 луѓе се евакуирани во градот Глучолази, кој е загрозен од високиот водостој на реката Биала Глучоласка.
Ciężka noc w Głuchołazach. Przed godziną 3 wobec podnoszącego się stanu Białej Głuchołaskiej i po naradzie z @MSWiA_GOV_PL i @KGPSP burmistrz podjął decyzję o ewakuacji mieszkańców kilku ulic przylegających do rzeki. Do akcji ruszy 60 policjantów, a miasto i rzekę zabezpiecza w… pic.twitter.com/iLHMhvwknW
— Tomasz Siemoniak (@TomaszSiemoniak) September 14, 2024
До сабота до 18 часот пожарникарите во Полска регистрирале 1.300 интервенции поврзани со отстранување на последиците од обилните врнежи од дожд.
Постојано се спроведуваат превентивни дејствија во загрозените подрачја, спасувачките служби се сè уште подготвени за интервенција, се наведува во соопштението на полската противпожарна и спасувачка служба.
Вчера локалните метеоролошки станици процениле дека во планините на полско-чешката граница може да наврнат до 400 литри дожд на метар квадратен за 72 часа. Во недела ситуацијата на истокот на соседна Германија може да стане и критична.
⚠️🇵🇱 | FLOOD WARNING:
📍 Nysa, Wrocław, and Głuchołazy, Poland
– Date:September 14th, 8:00 AM
– Situation:Water levels at Lake Nyskie identical to 1997 flood forecast
– Warning: River water levels critically high,flooding expected#powódź #Powodź #deszcz #wielkawoda2 #żywioł pic.twitter.com/d9xqZx1SY9— Weather monitor (@Weathermonitors) September 14, 2024
Сериозни поплави за време на викендот се предвидуваат и за Унгарија, Австрија и Словачка.