Денеска неименуван маж ги ранил своите родители со нож, по што се забарикадирал во станот и се заканува дека ќе се самоубие скокајќи од балконот во населбата Сан Адриан во Билбао, соопшти баскиската полиција.
Полицијата потврди дека „акцијата е во тек“, а сообраќајот е запрен по околните улици, пренесува шпанскиот портал Сер100.
На лице место се и противпожарни единици, а под балконот е поставена подлога во случај на пад од балконот.
Мајката и таткото на мажот со повреди се пренесени во болница, а засега не се знае дали се во стабилна состојба.