Вчера во 21.00 часот во СВР Скопје, 44-годишниот С.Н. од Скопје пријавил дека околу 20.25 часот на подрачјето на Центар во Скопје бил физички нападнат од едно лице, извести МВР.
„На 13.09.2024 во 03.00 часот во СВР Скопје, С.Н., исто така, пријавил дека околу 22.30 часот, додека бил со неговиот брат Б.Н. и пријателот Т.Н. и чекал пред Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, биле физички нападнати од неколку лица“, соопшти МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.