Полицијата од Гостивар поднесе кривична пријава против С.Г.(47) од Скопје поради загрозување со опасно орудие при тепачка или караница и мачење животни.
„На 3 мај, пред домот на Б.У.(23), пријавената со нож го нападнала неговиот брат, по што во шталата на таткото на Б.У. , исто така, со нож повредила домашни животни и оштетила два прозорци“, објави МВР во дневниот билтен.