Девојчиња нападнати од соученик во основно училиште во Аеродром, МВР го расчистува случајот

uchenichki.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Две девојчиња, сестри, биле нападнати вчера од страна на нивен соученик во основсно училиште во скопската населба Аеродром.


За случајот алармирале родителите на девојчињата.

„На 12.09.2024 во СВР Скопје, И.Д.(41) и В.Т.(44), двајцата од Скопје, пријавиле дека во основно училиште на подрачјето на општина Аеродром, нивните две малолетни ќерки биле физички нападнати од нивен соученик“, објави МВР во дневниот билтен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Фотографијата е илустрација и не е поврзана со конкретниот настан

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK