Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Н.Ф.(47) од с.Чајле, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
На 06.08.2024 на ул.„Илинденска“ во Гостивар, пријавениот запалил сува трева, при што предизвикувал пожар, објави МВР во дневниот билтен.