Загинаа двајцата офицери-пилоти на авионот за борбена обука што се урна во третата воздухопловна база Граф Игнатиево.
Екипажот беше од базата во Долна Митрополија, соопштија бугарскиот министер за одбрана Атанас Запријанов и премиерот на преодната влада, Димитар Главчев.
Министерот за утре прогласи Ден на жалост во вооружените сили во чест на спомен на двајцата пилоти.
Загинатите се мајорот Петко Димитров и постариот поручник Венцислав Атанасов Дункин. И двајцата беа инструктори во базата во Долна Метрополија. Едниот 28, а другиот 50 годишник.
Според она што досега е познато леталото било проверено пред летот и технички исправно.
Во тек е истрага за несреќата.