Најдобрите португалски клубови заработиле неверојатни 2,34 милијарди евра од продажба на играчи од 2015 година до денес.
Анализата на Меѓународниот центар за спортски истражувања (CIES) ја потврди доминацијата на најсилните клубови од оваа земја на полето на излезни трансфери на фудбалери во изминатата деценија.
Според податоците на CIES, португалските клубови заработиле 2,34 милијарди евра, додека на второто место, интересно, е англискиот Чемпионшип со заработка од 1,5 милијарди.
Од продажбата на фудбалери најголем профит остварил фудбалскиот клуб Бенфика. Во изминатата деценија Бенфика заработила 816 милиони евра.
Клубот од португалската престолнина на листата на CIES ги престигна Ајакс и Салцбург кои заработиле 473, односно 401 милион евра.
Значајно место на ова рангирање му припаѓа на Динамо Загреб кој во изминатите девет години од продажба на играчи заработи 255 милиони евра.