Повеќе од 600.000 луѓе на Куба се погодени од недостиг на вода

677z381_677z381_havana.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Повеќе од 600.000 луѓе на Куба, или приближно секој 20-ти од 10 милиони жители, имаат проблеми со снабдувањето со вода, објави денеска Ројтерс.


Хавана е најпогодена од недостигот на вода, а властите ја обвинуваат уништената инфраструктура и постојаниот недостиг на гориво, kako последици од економската криза што ја доведе земјата до банкрот.

Надлежните велат дека недостигаат резервни делови за застаренаta водоводна инфраструктура, како што се цевки и пумпи.

Честите прекини на струја само ги влошуваат работите.

„Кога ќе ја прекинат струјата, не можеме да дадеме вода“, вели Педро Мартино, жител на општината Сан Мигел де Падрона, кој работи со црковна група која им помага на граѓаните.

Економијата на Куба е погодена од неколку фактори, вклучително и пандемијата на коронавирусот, построгите санкции на САД, лошото управување и корупцијата, според Ројтерс.

Социјалната и економската криза се смета за една од најлошите од револуцијата на кубанскиот лидер Фидел Кастро во 1959 година, што доведе до рекорден егзодус на кубански мигранти во последните две години.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK