Внуката на Мусолини ја напушта партијата на Џорџа Мелони оти била премногу десничарска

meloni-epa.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Внуката на поранешниот италијански диктатор Бенито Мусолини, Ракел Мусолини, изјави дека ја напушта партијата „Браќата на Италија“ на премиерката Џорџа Мелони, бидејќи е премногу десничарска и дека ќе премине во партијата „Напред Италија“.


 

„Напред Италија“ е дел од владејачката коалиција, но се смета за полиберална по прашањето за граѓанските права, пишува Гардијан.

„Време е да свртам друга страница и да се приклучам на партијата што ја сметам за поблиска до моите ставови“, рекла Мусолини (50) за „Анса“.

Партијата „Браќата на Италија“ потекнува од италијанското социјално движење (МСИ) основано од поддржувачите на Мусолини по Втората светска војна.

Откако ја презеде функцијата во 2022 година, Мелони се обидува да ја претстави партијата како центристичка конзервативна група.

Извор за Ројтерс изјави дека прашањата за правата одиграле клучна улога во одлуката на Мусолини да ја смени партијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK