Борбениот авион Л-39 денеска се урна во воздухопловната база „Граф Игњатиево“ во Бугарија, при изведување комплексен маневар на екстремно мала надморска височина, пренесува Новините.
За време на несреќата падобраните не се отвориле, а со авионот управувале двајца пилоти. Се уште не е познато што се случило со нив.
Претседателот на Бугарија Румен Радев претходно денеска учествуваше како копилот на демонстрацијата на борбените авиони Ф-16 во воздухопловната база.