Главчев: Бугарија нема да преговара за условите од договорот со Северна Македонија

glavchev.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Бугарија нема повторно да преговара за условите од договорот со Република Северна Македонија, изјави вршителот на должноста премиер на Бугарија, Димитар Главчев.


„Нема за што да се преговара. Имаме позиција на Бугарија. Тие велат дека нема да преговараат со преодната влада, но јас би рекол дека нема од наша страна желба за преговори, нема за што да преговараме. Постои европска позиција. На последниот Европски совет изјавив дека Република Северна Македонија не ги почитува своите обврски, а истото го кажа и премиерот на Грција. Република Северна Македонија не го почитува Договорот од Преспа, затоа го кажавме нашиот став на највисоко можно ниво – Европскиот совет“, рече тој, пренесе „БНР.бг“.

Неговата изјава е одговор на инсистирањето на „Има таков народ“ за итна и одлучна реакција на новите тврдења против веќе преземените обврски од таканаречениот „француски предлог“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK