Комерцијална банка нема да коментира поединечни изјави на акционери на Стопанска банка Битола, дури и да се тие квалификувани акционери

komercijalna-banka.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во согласност со законските прописи, Комерцијална банка објави јавна понуда за преземање на Стопанска банка Битола, во која се содржани сите важни елементи како што се понудената цена од 3.200 денари по акција, прагот на успешност од 67% плус една акција од вкупно издадените акции и рокот за изјаснување на акционерите заклучно со 22.09.2024 година. Сите други информации се содржани и во придружниот Проспект кон Јавната понуда.

Надвор од овие законски пропишани документи, Комерцијална банка нема ништо дополнително да додаде или да коментира никакви други изјави сѐ до завршување на законски пропишаниот рок.


Комерцијална банка само уште еднаш истакнува дека оваа нејзина понуда ќе биде прва, последна и единствена понуда за откуп на 100% од акциите на Стопанска банка Битола.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK