Пожарите- сериозна летна закана, за три месеци локализирани дури 60

450864865_492524803165554_2519962790184185081_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Изминатово лето беше долго, топло и врело, бидејќи секојдневно на подрачјето на Општина Гевгелија имаше по некој пожар. Некои од пожарите брзо беа локализирани, но некои беа долготрајни и застрашувачки. Затоа, и единицата на ТППЕ- Гевгелија беше постојано присутна на терен и во вонредна состојба. Благодарејќи на ваквата мобилност и навремените интервенции, секак, и поддршката од воздух, најголемиот број пожари беа навреме изгаснати или ставени под контрола.

Од почетокот на годината, па, се до 8 септември 2024 година, односно за 8 месеци, во општина Гевгелија биле регистрирани 114 пожари. Најмногу пожари – 76 се случиле на отворен простор, при што огнената стихија зафатила површина од 435 хектари. Досега биле локализирани 9 шумски пожари, 6 на стрништа, 2 пожари зафатиле површини со жито, едно лозје, додека другите 46 пожари се појавиле на други отворени површини. Загрижувачки е што дури 12 пожари избувнале на дивите депонии, кои претставуваат најголемо жаришта за пожар, особено во услови кога температурите се многу високи, што беше случај летово. Од вкупниот број пожари 9 биле во затворен простор, 10 на сообраќајни средства, поточно, 4 на товарни и 6 на патнички возила.



Летово, пожарите на подрачјето на Општина Гевгелија не стивнуваа, буквално се појавуваа скоро секој ден. Во месец јуни, ТППЕ- Гевгелија имала 18 интервенции, од кои 12 на отворено, 5 шумски и 1 техничка. Во јули, избувнале дури 29 пожари, а тоа значи дека просечно пожар имало скоро секој ден, и тоа, 19 на отворено, 3 биле шумски, 5 технички, 1 на сообраќајнo средство и 1 на останато. Во август месец, бројот на пожарите и интервенциите е преполовен – на 13, од кои 5 на отворено, 2 шумски, 3 сообраќајни средства, 1 техничка и 2 на објекти. ТППЕ- Гевгелија во текот на осумте месеци од годината интервенирала за гаснење на вкупно 164 пожари, од кои 35 во Богданци и 13 во Дојран, на чии подрачја дејствува ТППЕ- Гевгелија

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK