Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово на автопатот М17 во градот Мошевац во Босна и Херцеговина.
Околу 6 часот и 20 минути дошло до одрон на патот.
– Како последица на одронот, дошло до сообраќајна незгода во која учествувале две возила. Повредени се четири лица, а се уште не знаеме колкав е степенот на повредите. Истрагата е во тек – соопштија од Оперативниот центар.
Сообраќајот на оваа делница е целосно во прекин.