Вработените во Германија поминуваат во просек 17 отсто од своето работно време работејќи од дома, но овој процент значително варира во различни сектори, се вели во извештајот објавен денеска од Институтот за економски истражувања од Минхен.
Работата од дома е особено распространета во ИТ секторот, каде работниците во просек работат од дома 58 отсто од своето работно време, додека во градежништвото и угостителството овој процент изнесува само два отсто.
Обемот на работа дома во Германија во никој случај не се намалува, не е променет во однос на претходната година“, коментира истражувачот на IFO, Жан-Виктор Алипур.