Сиљановска Давкова во посета на Република Бугарија

siljanovska-ohrid-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова утре ќе престојува во посета на Република Бугарија.



Во рамки на посетата, претседателката Сиљановска Давкова во Софија ќе оствари средба со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев и ќе присуствува на настапот на македонската национална опера и балет, што во Софиската опера и балет ќе ја изведе операта „Набуко“ од Џузепе Верди.

Во рамки на 52. Мајски оперски вечери претседателката Сиљановска Давкова присуствуваше на настапот на Софиската опера и балет во Скопје, при што ја потенцираше важноста и моќта на културната дипломатија, како нераскинлив дел од меѓународната дејност.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK