Жозе Мурињо, тренер на фудбалерите на Фенербахче, изјави дека не му се допаѓа однесувањето на најголемото засилување на Галатасарај, Виктор Осимен.
Нигериецот пристигна во Галатасарај на позајмица од Наполи, а тој треба да биде главниот адут на тимот оваа сезона.
„Осимен е фантастичен играч, доколку бев на чело на клубот и да имав 80 до. 90 милиони евра би го купил. Тој е фантастичен играч. Се разбира, тој дојде во Турција под тешки околности, но тие не се важни. Важно е што Галатасарај доби фантастичен играч“, изјави Жозе во интервју за турската телевизија и додаде:
„Немам проблем со Виктор, всушност имаме многу добри односи, но секогаш кога е на теренот разговарам со него бидејќи не ми се допаѓа како се однесува. Премногу симулира. Последен пат кога играа Рома и Наполи, разговарав со него и му реков: „Слушај, ти си еден од двајцата најдобри африкански фудбалери. Ти и Салах. Во минатото тоа беа Дрогба, Самуел Ето и Жорж Веа, затоа не можеш така да се однесуваш’. Симулира премногу, сметам дека тоа е проблем. За турската лига неговото доаѓање е фантастично, како и за Галатасарај“.