Вчера во 09.00 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ во Валандово, патничко возило „ауди“ со валандовски регистарски ознаки, управувано од 32-годишниот Р.Д. од село Пирава, валандовско, удрило во пешакот, 67-годишниот Д.С. од Валандово, извести МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Здравствен дом – Валандово. Увид на местото извршила екипа на ОВР Валандово.