Папата Франциско предупреди за негативните влијанија на вештачката интелигенција врз општеството за време на посетата на Сингапур.
За време на посетата на оваа земја со висока технологија, поглаварот на Католичката црква предупреди дека вештачката интелигенција не треба да ги натера луѓето да заборават на меѓучовечките односи.
„Технолошкиот развој ризикува да ги изолира поединците и да ги стави во лажна реалност. Вештачката интелигенција треба да се користи за да се зближат луѓето и да се промовира разбирањето и солидарноста во општеството“, рече Папата.
Сингапур е последната станица од најдолгото патување во странство на 87-годишниот папа, кое траеше вкупно 12 дена. Според Ватикан, од речиси 6 милиони жители на таа земја, само 176.000 се католици.
За време на неговото патување во Азија, тој ги посети Индонезија, Папуа Нова Гвинеја и Источен Тимор. Папата Франциско утре ќе се врати во Рим.