Актерката Хали Бери даде интервју за Marie Claire, каде зборуваше за нејзиниот приватен живот и нејзиниот партнер, американскиот текстописец и пејач Ван Хант, со кој е во врска од 2020 година.
„Тоа беше прв пат лудо да се заљубам уште пред да имаме врска. Тоа никогаш не ми се случило досега. Зборувам за едно од најубавите искуства што ми го менува животот. Беше магично. Едноставно магично“, изјави 58-годишната Хали за својот партнер.
Пред, „лудо да се заљуби“ во четири години помладиот Ван Хант, Хали била фокусирана на работата, а идниот партнер го запознала преку неговиот брат. Според Хали, и требало една минута да сфати дека тој е навистина вистинската личност за неа.
„Ја создадов мојата кариера, но никогаш не бев добра во врските. Сето тоа беше лабаво. Всушност, треба да му бидеш јасен на универзумот или нема да разбере што сакаш… Моментот кога конечно почнав да се разбирам себеси, како и она што правам лошо, братот на Ван, кого го познавам долги години, дојде кај мене и ми кажа дека морам да се сретнам со неговиот брат“, рече актерката.
Хали Бери претходно беше во брак со Дејвид Џастис, Ерик Бенет и Оливие Мартинез, со кои го има синот Мејс Роберто, додека од врската со Габриел Обри ја има ќерката Нала Ариела.
Во интервјуто таа се осврна и на нејзината возраст: „Годините се само бројка што ни е залепена од раѓање. Како жени, таа нè дефинира многу повеќе од мажите и понекогаш може да не ослабне“.