Денес официјално почна јавниот превоз во Струмица со новите електрични автобуси. Градоначалникот Костадин Костадинов посочи дека за првпат во својата историја, Струмица има јавен градски превоз и тоа не класичен, туку со 10 нови електрични автобуси.
„Со овој нов превозен систем, станавме првата општина на Балканот која има целосно електричен јавен превоз. Општина – лидер во одржливиот развој, Овој проект е јасен пример за тоа како храбрата визија и непоколебливата посветеност, моја лично, на тимот кој стои зад мене и на советниците во Советот на Општината, се гаранција за трансформативни резултати кои вистински имаат позитивно влијание и се од огромна важност за граѓаните“, рече Костадинов и додаде:
„Верувам дека мојата возбуда ја споделувате сите вие и ве мотивирам заедно да го користиме новиот јавен превоз кој ја прави нашата општина уште повеќе лична и прогресивна. Искористете ги предностите на овој нов, еколошки транспортен систем. Без разлика дали одите на работа, училиште или одите на гости, качете се во електричните автобуси. Ве повикувам да го прифатите ова ново поглавје и да го направите јавниот превоз дел од вашата секојдневна рутина“, заврши Костадинов во својата објава на профилот на „Фејсбук“.