Русија може да воведе ограничувања за испорака на одредени суровини во странство, доколку тоа не и наштети на нејзината економија, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на состанокот со членовите на владата.
„Русија е лидер во резервите на голем број стратешки видови суровини. За некои видови што ги доставуваме во големи количини на светскиот пазар можеби треба да разгледаме и одредени ограничувања како ураниум, титаниум, никел“, рече Путин, пренесе агенцијата РИА Новости.
Тој потсети дека Русија има речиси 22 отсто од светските резерви на природен гас, 23 отсто од светските резерви на злато и 55 отсто од светските резерви на дијаманти.