Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска повтори дека Турција го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.
„Нашата поддршка за територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина е непоколеблива. Враќањето на Крим на Украина е барање во согласност со меѓународното право“, рече Ердоган во видео порака емитувана на четвртиот самит на лидерите на Кримската платформа, јавува Anadolu Agency.