Петмина тенисери суспендирани поради местење натпревари

Untitled-1-11.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Тениската антикорупциска програма (TAЦП) и Меѓународната тениска единица за интегритет (ИТИА) суспендираа пет тенисери поради местење натпревари.



Казните се однесуваат на случај од 2023 година и група од Белгија која се занимавала со местење натпревари, а во врска со истиот случај на почетокот на оваа година суспендирани беа бугарскиот функционер Стефан Миланов и францускиот играч Лени Митјана.

„Осомничените лица го признаа делото и ја прифатија договорената казна. Сите се откажаа од своето право да бидат сослушани пред независен службеник на Антикорупциската програма“, се вели во соопштението на Меѓународната тениска единица за интегритет.

„Сите обвиненија се однесуваат на натпревари одиграни во 2017 и 2018 година и се поврзани со местење натпревари, нелегално обложување. и со примање пари за да не се игра на најдобар можен начин, но и да не е се пријавено“, се наведува понатаму во соопштението.

Еквадорскиот тенисер Иван Ендара (најдобар ранг 367, 2015 година), Мексиканците Маурицио Ресендиз и Раул Исаис Росас-Заур добија пет годишни суспезии (до јули 2029 година) и казнети со по 15.000 долари.

Мексиканецот Ивар Арамбуру Контрерас беше суспендиран до март 2026 година и казнет со 30.800 долари. Неговиот брат Аитор Арамбуру Контрерас беше суспендиран до декември 2025 година и казнет со 25.200 долари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK