Ученик од петто одделение фрлил клупа врз наставник во Прокупље, имал напад на бес

2-7.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Универзитетскиот клинички центар (УКЦ) Ниш, наставник по музика во Основното училиште „Ратко Павловиќ Чиќко“ во Прокупље бил лекуван од повреда што му ја нанел ученик од петто одделение кој му фрлил стара клупа.


Во Универзитетската болница во Ниш вчера соопштија дека на повредениот (63) по извршен преглед му биле констатирани отворени рани на прстите на левата нога, пред се на палецот.

„По прегледот, пациентот е пуштен на домашно лекување“, додаваат од нишкиот клинички центар.

Според медиумите од Прокупље, ученикот кој го повреди наставникот „имал напад на бес и врескал речиси цел час“, а не можеле да го смират ниту другите наставници, ниту дежурниот полицаец.

Станува збор за ученик кој поради разни инциденти делумно го завршил четвртото одделение со онлајн настава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK