Србија успеа да остане непоразена во пресметката сио европскиот првак Шпанија. Во Лигата на нации, Србија и Шпанија одиграа натпревар без голови.
Прашање е каков тек ќе имаше натпреварот доколку Лука Јовиќ во 34.минута постигнеше гол. Напажачот на Милан промаши она што не се промашува.
Ситуацијата ја коментираше и селекторот на Србија Драган Стојковиќ Пикси.
„Го прегрнав по натпреварот, главата горе и да продолжиме понатаму. Нему му е најтешко. Тоа беше пенал, но без голман на голот. Но фудбалот е игра на грешки и промашувања. Тоа беше најзрелата шанса на натпреварот“, рече тој Стојковиќ.
— OvoOno (@OvoOnoX) September 5, 2024