Владата: Инвестиравме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

vlada-mickoski-2024.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Владата објави јавен повик на кои општините може да аплицираат за инфраструктурни капитални проекти. Ова е историски највисок инвестициски циклус кој централната власт го прави за поддршка на локалните самоуправи. Со овие пари ќе се реализираат нови градинки, училишта, улици, атмосферски и фекални канализации, спортски сали, водоводни мрежи и други проекти, истакнуваат од Владата.


„Во ситуација кога гледаме и затекнуваме разурнати, задолжени, ограбени институции и државна каса со која недомаќински е располагано, Владата сега со јасен план и концепт за развој пристапува и нуди решенија во еден од најобемните инфраструктурни потфати во историјата на земјата.

Овие проекти се достапни за сите граѓани и ги повикуваме сите општини да аплицираат на јавниот повик.

Заинтересираните корисници ќе ги поднесуваат апликативните формулари до Министерството за локална самоуправа – Комисија за постапување по овој јавен повик, во рок од 7 дена од денот на објавување на овој повик“, истакнуваат во соопштението.

Комисијата, како што појаснуваат, врши прибирање на апликативните формулари кои што заинтересираните корисници ги доставуваат до Министерство за локална самоуправа.

„Комплетната проектна документација по однос на апликативниот формулар, заинтересираните корисници потребно е да ја достават до надлежното министерство во рок 10 дена од денот на доставување на апликативниот формулар до Министерството за локална самоуправа“, е нагласено во пишаниот допис.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK