И на Влатко Ѓорчев му измислија функција, нема пари за работниците има само за функционерите на ДПМНЕ, велат од СДСМ

30652490_10211635832676050_5236696380965126144_o.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

И Влатко Ѓрочев, ВМРО-ДПМНЕ го смести во фотелја, му измислија државна функција како национален координатор за демографија, млади и човечки ресурси. За измислената државна функција на Ѓорчев граѓаните ќе плаќааат над 105.000 денари месечно или над 1 милион денари годишно. Додека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ велат дека нема пари за поголема минимална плата, нема пари за наставниците, за работниците, измислуваат функции за сместување на поранешни функционери и членови на ДПМНЕ, реагираат од СДСМ



„Да биде иронијата уште поголема, токму Влатко Ѓорчев, како пратеник во 2020 година беше на чело на собрниската Комисија за труд и социјална политика и ги кочеше законите за зголемување на платите во образованието, законите за зголемување на пензиите, за зголемување на минималната плата.

Ѓорчев не ги закажуваше седниците на комисија, ги кочеше дискусиите, ја прекинуваше седницата, бараше „финансиска оправданост“ на потребата за зголемување на платите.

А денеска истиот тој Влатко Ѓорчев е награден од Мицкоски и ДПМНЕ со плата којашто е 5 пати поголема од минималната и 3 пати поголема од просечната плата. Ете тоа е ВМРО-ДПМНЕ.

На последната владина седница и Лилјана Затуроска е именувана за национален координатор, заедно со Верче Мицевска а претходно Павле Трајанов, Блерант Рамадани, Солза Грчева.

Малку им се министри, заменици, директори, раководители, па почнаа да си измислуваат позиции, како што е и предлог Законот за заменик на заменик директор на Царина. Невидено“, додаваат од опозициската партија.

Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ, како што потсетуваат од СДСАМ, ветуваа намалување на функционерските места, а сега ги зголемуваат. Според нив, се што ветиле, излажале и тотално се однародиле.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK