Германскиот канцелар Олаф Шолц и украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе се сретнат утре во Франкфурт и ќе разговараат лице в лице, изјави денеска портпаролот на германската влада за Франс прес.
Состанокот ќе се одржи истиот ден кога ќе се одржи состанок на контакт групата на сојузниците на Украина во Рамштајн, американската воздухопловна база во близина на Франкфурт, каде министрите за одбрана и воените претставници ќе разговараат за натамошната помош за Украина.
Шпигел: Зеленски ќе бара повеќе оружје
Портпаролот на германската влада не откри детали од програмата на Зеленски.
Според Шпигел, што не е официјално потврдено, Зеленски ќе биде и во Рамштајн за да побара повеќе оружје за борба против Русите.