Путин: Западот мислеше дека ќе ја фрли Русија на колена и ќе ја распарчи, но не успеа

putin4-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на пленарната сесија на Источниот економски форум во Владивосток.



На панелот со рускиот претседател се премиерот на Малезија Анвар Ибрахим и потпретседателот на Кина Хан Женг.

Путин зборуваше најмногу за економски теми, но се осврна и на војната во Украина, односно „специјалните воени операции“. Рускиот лидер, меѓу другото, рече дека што се однесува до потенцијалните преговори со Украина, Русија разбира со кого има работа. „Тие ги прекршуваат обврските. Москва бара форми и гаранции кои ќе функционираат“, рече тој.

Путин потсети и дека се договорени речиси сите параметри за евентуален мировен договор, но по посетата на Борис Џонсон, Украина се откажа од се. Киев и Западот планираа да и нанесат стратешки пораз на Русија, но не успеаја, додаде тој.

„Елитите на САД и некои европски земји сакаа да и нанесат стратешки пораз на Русија. Мислеа дека тоа ќе се случи брзо. Тогаш ќе ги постигнат своите стратешки цели кон кои се стремат со векови или децении“, рече Путин.

Рускиот претседател рече дека е во постојан контакт со лидерите на Кина, Бразил и Индија, кои искрено сакаат да ја разберат ситуацијата во Украина.

„Западот мислеше дека ќе ја фрли Русија на колена и ќе ја распарчи, но не успеа“, рече рускиот лидер, додавајќи дека на власт во Украина се или „вонземјани или странци“ кои го прават тоа, не размислувајќи за државата. „Русија секогаш ќе ги штити интересите на луѓето во Украина кои се борат за рускиот јазик и традиции“, рече тој.

Тој ги нарече нападите на нуклеарната централа Курск многу опасни терористички напади. „Можете да замислите што ќе се случи во овој дел од Европа ако почнеме да реагираме со иста мерка“, рече претседателот.

Како резултат на нападот врз регионот Курск, руското општество се консолидира, зголемен е бројот на луѓе кои потпишуваат договори со вооружените сили, рече Путин и додаде: „Целта на непријателот беше да не направи нервозни, да пренесе војници од една област на друга и да ја запреме нашата офанзива во клучните области, пред се во Донбас, чие ослободување е наша примарна цел“, рече Путин.

Руската армија ја стабилизираше ситуацијата и почна да го турка непријателот од пограничните територии.

„Противникот префрли доста добро обучени единици во нашите погранични области и на тој начин ги ослабна своите сили во клучните насоки. Нашата армија ги забрза офанзивните операции“, рече Путин, посочувајќи дека противникот трпи огромни загуби во жива сила и опрема.

Загубите на противникот како резултат на овие дејствија може да доведат до губење на борбената способност на целокупните вооружени сили на Украина, што е она што Русија го сака, нагласи Путин.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK