Путин: Ќе ја поддржиме Камала Харис, се смее толку експресивно и заразно што значи дека се е во ред со неа

putin1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Русија сака Камала Харис да победи на претседателските избори во САД, рече претседателот Владимир Путин во четвртокот во очигледно ироничен коментар, наведувајќи ја нејзината „заразна“ смеа како причина што му се допаѓа повеќе од Доналд Трамп.



Путин говореше еден ден откако американското Министерство за правда обвини двајца руски медиумски директори за наводна нелегална шема за користење на проруска пропаганда за влијание на ноемвриските избори.

Водачот на Кремљ претходно оваа година, пред претседателот Џо Бајден да се повлече од трката – исто така со очигледна иронија, изјави дека го претпочита него, пред Трамп, бидејќи Бајден е попредвидлив политичар од „старата школа“.

На прашањето како сега гледа на изборите, Путин на економски форум на рускиот Далечен Исток рече дека тоа е избор на американскиот народ.

Но, тој потоа додаде дека, бидејќи Бајден им препорачал на своите поддржувачи да ja поддржат Харис, „ние ќе го сториме истото, ќе ја поддржиме неа“.
„Таа се смее толку експресивно и заразно што значи дека се е во ред со неа“, рече Путин и додаде дека тоа може да значи дека ќе се воздржи од дополнителни санкции против Русија.

Американските разузнавачки агенции веруваат дека Русија сака Трамп да победи бидејќи тој е помалку посветен да ја поддржува Украина во војната против Русија, пренесуваат медиумите во светот.

Но, Путин рече дека Трамп, како претседател, наметнал повеќе санкции за Русија од кој било во Белата куќа пред него.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK