Утрово неколку истрели беа испукани пред нацистичкиот центар за документација во Минхен. Претходно беше соопштено дека пукањето се случило пред израелскиот конзулат, кој се наоѓа на само неколку метри.
Полицијата соопшти дека во реонот е во тек голема операција, пренесува „Билд“.
Schüsse vor dem israelischen Generalkonsulat in München. Das NS-Dokuzentrum ist direkt nebenan. pic.twitter.com/k1r819o9Rj
— Ronen Steinke (@RonenSteinke) September 5, 2024
„Полицајците пукале кон осомничениот, тој бил погоден“, соопшти полицијата нешто пред 10 часот.
Засега нема информации за други осомничени.
Во воздух е и полициски хеликоптер. Полицијата ги повика луѓето да ја избегнуваат областа.
Според информациите на „Билд“, најмалку едно лице е повредено.
На социјалните мрежи се појави видео на кое се слушаат бројни истрели, додека се гледа како луѓето бегаат.
Инцидентот се случува на годишнината од нападот на Олимпијадата во 1972 година: во тоа време, палестинските терористи зеле 11 израелски спортисти како заложници во Минхен – и ги убиле.