Јаник Синер е последниот полуфиналист на Ју-ес опен. Пласман меѓу најдобрата четворка на турнирот во Њујорк избори со победата над Данил Медведев 6:2, 1:6, 6:1, 6:4. На првиот тенисер во светот му беа потребни два часа и 39 минути за да го совлада некогаш најдобриот, а денеска петти на светската ранг-листа.
Ова беше 13. меѓусебен дуел меѓу Синер и Медведев. Со победата Италијанецот го намали резултатот на 6:7 во однос на рускиот тенисер. Синер оваа година има биланс од 53 победи и пет порази.
Натпреварот меѓу Синер, победникот на овогодинешното издание на Австралија опен, и Медведев беше последен во четвртфиналето, Комплетирани се полуфиналните двојки, Синер ќе игра против Британецот Џек Дрејпер, 25. носител на турнирот, за кого ова е најдобар резултат на Грен слем турнирите.
Во второто полуфинале ќе играат Американците, 12. носител Тејлор Фриц и 20. Френсис Тиафо.
Полуфинални парови на Ју-ес опенб:
Тенисери:
Синер (1) – Дрејпер (25)
Фриц (12) – Тиафое (20)
Тенисерки:
Пегула (6) – Мучова
Сабаленка (2) – Наваро (13)