Во Киев одекнуваат експлозии и сирени: На граѓаните им порачаа да останат во засолништа

4-5.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Експлозии одекнаа во Киев за време на предупредувањето за воздушен напад издадено во раните утрински часови.


Укринформ пренесува дека ова го соопшти воената управа на градот Киев.

„Продолжува тревогата за воздушен напад. Во главниот град делува противвоздушна одбрана. Останете во засолништата додека не заврши алармот“, напиша на Телеграм шефот на таа управа Серхиј Попко.

Зборуваше и градоначалникот на Киев Виталиј Кличко.

„Во градот се активирани силите за воздушна одбрана. Останете во засолништа! Алармот за опасност од воздух во главниот град траеше цела ноќ“, рече Кличко.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK