Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими директорот на Европската организација за јавно право, Спиридон Флогаитис.
На средбата, претседателката беше запознаена со целите, функционирањето и активностите на организацијата, која досега има организирано, промовирано и поддржано повеќе од 200 образовни обуки и истражувачки проекти и има обезбедено поддршка за градење на демократските капацитети на институциите во повеќе од 70 земји.
Сиљановска Давкова ги поздрави истражувачките активности на Европската организација за јавно право во насока на промоција на владеење на правото, човековите права и европските демократски вредности како и анализите на правните системи со цел изнаоѓањето на креативни решенија за нивно подобрување.
На средбата беа разгледани можностите и начините за воспоставување на соработка на Европската организација за јавно право со македонските институции.
Европската организација за јавно право е меѓународна организација посветена на создавање и афирмација на знаењето во областа на јавното право и управување, основана во Атина во 2007 година, како продолжение на Европскиот центар за јавно право.