Шолц: Германија нема да се поколеба за воената поддршка за Украина

solc.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Германија нема да престане да дава воена помош за Украина, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц во воената база во близина на градот Тодендорф.


На овој начин тој се обиде да ги отфрли стравувањата дека Берлин може да го разочара Киев поради домашната буџетска криза и медиумските извештаи за замрзнување на новата германска воена помош, објави Ројтерс.

„Германската поддршка за Украина нема да престане. Постигнавме договори за одбрана и обезбедивме финансии навреме за Украина да продолжи целосно да се потпира на нас во иднина“, рече Шолц.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK