Мајката ја донела ќерка си на училиште, па се породила во училница во Франција

Едногодишно-бебе-почина-во-охридската-болница.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во едно основно училиште во близина на францускиот град Рено е снимен необичен настан кога жена во поодмината бременост се породила во училницата откако ја донела својата ќерка на училиште.


Во понеделникот, на првиот ден од новата учебна година, бебето се родило на само неколку минути, пред да пристигне брзата помош, која потоа ги пренела мајката и новороденчето во породилното одделение, јавува телевизијата БФМ, нарекувајќи го бебето „ најмладиот ученик во Франција“.

За време на породувањето, на мајката и помогнале вработените од соседните јасли.

По пристигнувањето на брзата помош и излегувањето од училиштето, мајката им го покажала бебето на родителите на учениците, кои останале во училишниот двор да го следат овој настан, пренесува Танјуг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK