Најдобрите украински клубови Динамо Киев и Шахтјор Доњецк европските натпревари како домаќини ќе ги играат во Германија.
Поради војната што беснее во Украина, двата клуба мора да ги играат домашните натпревари надвор од својата земја. Динамо, да потсетиме, во квалификациите за пласман во Лигата на шампионите играше како домаќин во Лублин, Полска.
Во меѓувреме обезбедија нова локација, домаќини ќе бидат на стадионот во Хамбург.
Динамо на тој стадион ќе ја игра групната фаза од Лига Европа.
Шахтјор ќе ги чека ривалите во Лигата на шампионите во Гелзенкирхен, на стадионот на Шалке.
На својата веб-страница УЕФА веќе ги наведе овие два града со имињата на украинските клубови како градови домаќини.
Украинскиот вицешампион Динамо првиот натпревар во Лига Европа ќе го одигра на 25 септември против Лацио, а потоа следуваат дуелите со Ференцварош, Викторија Плзен и Рига.
Шампионот Шахтјор ќе ја отвори сезоната во елитното натпреварување против Болоња на гостински терен.