Гори зграда во Лондон: 70 пожарникари го гаснат пожарот

1-5.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Десет противпожарни возила и 70 пожарникари го гаснат пожарот во станбена зграда во југоисточен Лондон.



Службите за итни случаи примиле речиси 50 повици за пожар во Розентал Роуд, Катфорд, пренесува „Скај њуз“.

Во соопштението лондонската противпожарна бригада соопшти дека десет противпожарни возила и 70-ина пожарникари се справуваат со пожарот во станбениот блок на Розентал Роуд, Кетфорд, и дека два стана на деветтиот и десеттиот кат од зградата во моментот се во пламен.

Засега не се знае дали има повредени или жртви, како и која е причината за пожарот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK