(Видео) Објавена снимката од моментот кога од урнатините во Лавов беше извлечено телото на 9-годишното девојче

Screenshot-2024-09-04-124109.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украинската јавна телевизија „Суспилне“ објави видео од спасувачки тим како извлекува тело од урнатините на станбена зграда во Лавов, западноукраинскиот град кој утринава беше нападнат од Русија со хиперсонични ракети.



Во утринскиот напад со хиперсонични ракети и беспилотни летала врз Лавов загинаа седум лица, меѓу кои три деца, изјави градоначалникот на тој град Андриј Садовиј.

Едно од убиените деца било бебе.

Заедно со Лавов, Русите утрово го нападнаа и Криви Рих. Повредени се четири лица, а оштетени се хотелот и зградите на четири образовни институции.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK